Откриј ги најдобрите „specialty“ кафиња од целиот свет!

Тазе печено „specialty“ кафе во Куманово

Првиот brew bar во Куманово

Маалски Кафе / Коктел / Пиво бар

Бар за  уживатели и љубители на специјалитетно кафе и занаетчиско *крафт пиво. Викенд бранч. Сенка. Аперитиво и класични коктели. Без галама. 100% подготвено во Свемир од локални состојки. Подготвено, цедено, мешано и печено во Свемир. 100%.

Што е „specialty“ кафе?

Кафе одгледано на мали фарми во посебни микроклиматски услови. Напрaвено само од беспрекорни зрна кафе, минимум 87/92 поени, без оштетувања, презреаност и неправилности.(*според светската организација за артисан/specialty кафе)
Кафе со силни мирисни ноти, арома, киселост, препознатлива основа но и силен траен вкус кој долго се задржува.

Пократкотраен процес на печење, со цел зачувување на природните ароми и киселост на кафето.

Навидум ништо посебно, но пиете секогаш свежо кафе, произведено и печено во мали количини, фер и транспарентни услови и поддржувате мал бизнис и големи ентузијасти.

Занатско/Крафт пиво

Наскоро нешто ново на craft beer сцената во Македонија!