Дознајте

Што е „specialty“ кафе?

Кафе одгледано на мали фарми во посебни микроклиматски услови. Напрaвено само од беспрекорни зрна кафе, минимум 87/92 поени, без оштетувања, презреаност и неправилности.(*според светската организација за артисан/specialty кафе)
Кафе со силни мирисни ноти, арома, киселост, препознатлива основа но и силен траен вкус кој долго се задржува.

Пократкотраен процес на печење, со цел зачувување на природните ароми и киселост на кафето.

Навидум ништо посебно, но пиете секогаш свежо кафе, произведено и печено во мали количини, фер и транспарентни услови и поддржувате мал бизнис и големи ентузијасти.


Одржливо и фер

Преку фер трговија ги подржуваме фармерите кои се посветени за здрава животна средина и одржливо земјоделие.

Совршено испечено

Ги печеме кафињата средно (medium to light), целосно развиени. Во фокус е профил на природен вкус.

Одгледно и сервирано со љубов

Во целиот процес – од зрно до филџан (from cherry to cup), се инволвирани луѓе со голема пасија кон совршено кафе.

Фарма: Рејес Андреас Хернандес

Хондурас – Позо Негро Интибука

Црвени бобинки – Хибискус – Шербет

Сочно и слаткасто со ноти на црвени бобинки и киселост која потсетува на хибискус. Доминантен слаткаст вкус од почеток до крај кој првично асоцира на шербет.

Надморска височина: 1700 метри
Сорта: Катуаи
Процес: Washed